Д.П.П. “Диме” работи по високи европски стандарди што го потврдуваат меѓународно признати сертификати за имплементирање и одржување на системот за управување со квалитет. Во јули 2009 година компанијата го воспостави HACCP системот и системот за управување ISO 9001:2008 кој е сертифициран од меѓународно сертификационо тело IQNET од Шведска, со посредство на SIQ од Словенија. Паралелно во тој временски период компанијата доби “Б” еколошка дозвола за заштита на човековата околина, во склоп со барањата на меѓународната заедница, особено после завршената гасификација на објектот .

Од Декември 2017г компанијата го воспостави и системот за управување ISO 22000:2005