Земјоделско стопанство

ДПП Диме е концесионер на 650 хектари обработлива површина во Светиниколскиот регион каде што располага со силоси за жито со капацитет од 5200 тони,и 900 хектари обработлива површина во Кумановскиот регион и силоси за жито со капацитет од 1500 тони.

Во компанијата денес работат над 200 вработени, меѓу кои има повеќе високостручни кадри како дипломирани инженери технолози, дипломирани економисти ,машински инженери, земјоделски инженери, итн.

Со компанијата управува сопственикот Илија Павличковски кој е и главен менаџер.

Основната стратешка определба на ДПП ДИМЕ ДОО е одржување на високиот квалитет на производите, како и интензивирање и проширување на пласманот на производите на Mакедонскиот пазар.