Историја на компанијата

Работењето во пекарството е семејна традиција на семејството Павличковски, која се негува и пренесува од колено на колено. Компанијата го носи името “Диме” како спомен и благодарност на врвниот мајстор пекар, таткото Димитар Павличковски, кој бил еден од основачите на првата македонска фурна “Клас” од Скопје, зачеток на денешен “Жито Лукс”, во која го поминал најголемиот дел од својот работен век. Со напуштање на работата Димитар, заедно со синот Илија и потесното семејство одлучуваат да започнат сопствен семеен бизнис.

ДПП Диме е основана 1986 година и првите чекори во мелничко-пекарската индустрија ги започна со отварање на маалска фурна во населбата Шуто Оризари.

Во 1986 година продолжува со работа во с. Бразда, каде покрај продажбата на леб во самата фурна, почнува со дистрибуција на леб во приватни продавници.

Во 1987 год. се гради пекарата во населба Бутел, каде е инсталирана современа опрема.

Производството на леб и печива е повеќекратно зголемено. По осамостојувањето на Р. Македонија се јавуваат проблеми со снабдување на брашно, по што е одлучено да се гради мелница. Градбата започнува 1994 година, а мелницата е пуштена во работа 1997 год. Технолошкиот процес е потполно автоматизиран и работи со капацитет од 40 тони/ 24 часа.

Во 2000 год. е пуштена во работа новата современа пекарница, со две производни линии со капацитет од 3.000 леба/час и три етажни печки со вкупен капацитет од 15.000 до 20.000 парчиња на ден. Покрај производството на повеќе типови леб, во погонот за бели печива се произведуваат разни видови бели печива, бурек и производи од лиснати теста.

Во 2007 год. почнува со работа погонот за слаткарство.

На почетокот на 2010 година почнува со работа современа лабораторија, во која секојдневно се контролира квалитетот на житото, брашното и готовите пекарски производи.

Со долгогодишно истрајно работење, самоодречување и посветеност, семејството Павличковски успеа од маалска фурна, со постојана надградба, да создаде една целосно заокружена млинско-пекарска индустрија, во чии производи се чувствува синхронизацијата на традиционалните рецепти и современите технолошки достигнувања. Во компанијата денес работат повеќе од 200 вработени, меѓу кои има повеќе високостручни кадри како дипломирани инженери технолози, електро инженери, земјоделски инженери, дипломирани економисти и сл. кои под раководство на управителот, сопственикот Илија Павличковски смело чекорат напред во нови предизвици и достигнувања.

“Од нива до трпеза”

Во овој слоган се проткаени сегментите на работа, производство, дистрибуција и продажба, во овој слоган е истрасиран патот на производи со врвен квалитет до нашите трпези, до трпезите на многу нови потрошувачи на производите чиј заштитен знак е:

Во целиот производен процес низ годините како круна ги додаваме лебовите без брашно со зголемена трајност благодарејќи на процесот на пастеризација.