Мелница

Мелницата, со капацитет 40тони/24 часа, е дел од мелничко пекарскиот комплекс ДИМЕ ДОО. Во нејзиниот состав спаѓаат силосите за складирање жито со капацитет од 1600 тони и магацинот за брашно со можност за складирање на 100 тони брашно. Пчениците со различен квалитет се складираат во однапред одредени силосни ќелии, а при транспорт во млинските ќелии се врши процентуално мешање во зависност од утврдениот квалитет.

Опремата во мелницата, која е од италијанско производство, инсталирана е на пет нивоа (П+4), а управувањето е потполно компјутеризирано, поради што е опслужувано од само еден човек.

Производи на мелницата се

– пченични брашна Т400, Т500, Т850, интегрално брашно, наменско брашно
– ‘ржано брашно, интегрално ‘ржано брашно
– сточно брашно
– трици за човечка исхрана

Квалитетот на суровините и производите постојано се контролираат во сопствената современа лабораторија, а за здравствената исправност редовно се доставуваат мостри до Републичкиот Завод за Здравствена Заштита.

Мелењето претставува повеќекратно ситнење на зрното на поедини анатомски делови. Првата фаза на мелењето е кршење на зрното на првата вална столица, при што се одделува ендоспермот од обвивката. Производ на оваа фаза се гризеви, краеви, отсевци и мала количина на брашно. Втората фаза на мелењето е ситнење и растварање на гризевите и краевите со понатамошно раздвојување на ендоспермот од заостанатите делови на обвивката. Оваа фаза се одвива преку валните столици за дробење на зрното. Производ на ова фаза се ситни гризеви и отсевци, а како финален производ се добива брашно и крупни трици. Третата фаза е мелење на ситните гризеви која се одвива преку валните столици за мелење, а како краен производ се добива брашно и мала количина на ситни трици.

Мешање, односно хомогенизација на брашното подразбира спојување на сите компоненти на брашното со различни технолошки карактеристики во една целина. После мелењето, брашното се складира во млинските ќелии за брашно каде одстојува одреден период по што се врши пакување во вреќи или транспорт во дневните ќелии за брашно во пекарата.

Производи на мелницата се

– пченични брашна Т400, Т500, Т850, интегрално брашно, наменско брашно
– ‘ржано брашно, интегрално ‘ржано брашно
– сточно брашно
– трици за човечка исхрана

Квалитетот на суровините и производите постојано се контролираат во сопствената современа лабораторија, а за здравствената исправност редовно се доставуваат мостри до Републичкиот Завод за Здравствена Заштита.