Погон за производство на премикси и адитиви

Погонот е пуштен во работа кон крајот на 2007 година, од кога компанијата за свои потреби произведува неколку видови на адитиви како мултифункционални подобрувачи во производството на леб и печива. При индустрискиот начин на производство на леб и печиво, особено кога се работи за големи капацитети, адитивите – подобрувачи се неминовни во технолошкиот процес бидејќи гарантираат сигурност при одредени застои во производството. Во составот на мултифункционалните адитиви се додаваат повеќе компоненти, при што секоја од нив делува во подобрување на одреден недостаток во квалитетот на основната суровина – брашното. За да се постигне ефект при делување на адитивот, неопходно е перманентно следење на квалитетот на брашното, врз основа на кој се врши дозирање на компонентите во адитивот.