Погон за производство на слатки

Погонот за производство на слатки е сместен во посебен објект. Во него се изработуваат повеќе видови на колачи, коктел ситни колачи и торти. Во моментов слатките се нудат во малопродажба, како и кон договорни органи, како јавни установи, државни институции или поголеми претпријатија.

Во текот на производството се контролираат повеќе контролни критични точки, особено точно почитување на рецептурата при мерење на суровините, точно уварување и контрола на температурата и времето на уварување, контрола на температура при процесот на печење, контрола на температурата при процесот на чување и транспортирање на производите.

Погонот е опремен со повеќе разладни комори каде се чуваат суровините и полупроизводите. Магацинот за готови производи исто така е опремен со две големи комори за ладење каде се складираат готовите производи.

Транспортот на слатките до крајните потрошувачи се врши со специјализирани возила опремени со разладни уреди.

– Производство на специјални лебови

– Прозводство на посно печиво и лиснати теста

– Производство на масно печиво

Во одделот за специјални лебови каде изработката е полуавтоматска или рачна, се произведуваат поголем број различни видови на производи. Секој од овие производи се изготвува по строго дефинирана рецептура и спецификација, како и дефиниран режим на ферментација и печење. Вака произведените лебови се со различен надворешен изглед, различна структура на средината, различен вкус и мирис, својствени за декларираниот производ.