Погон на производство на специјални лебови и печива

Овој погон е сместен на долното ниво од објектот на пекарницата. Во еден дел од погонот се сместени месилиците за тесто, погонска вага за дотур на брашно преку пневматика, повеќе ваги за мерење на суровините и дозатор за вода. Останатиот дел од просторот е поделен на неколку оддели, и тоа:

– Производство на специјални лебови

– Прозводство на посно печиво и лиснати теста

– Производство на масно печиво

Во одделот за специјални лебови каде изработката е полуавтоматска или рачна, се произведуваат поголем број различни видови на производи. Секој од овие производи се изготвува по строго дефинирана рецептура и спецификација, како и дефиниран режим на ферментација и печење. Вака произведените лебови се со различен надворешен изглед, различна структура на средината, различен вкус и мирис, својствени за декларираниот производ.