Профил на компанијата

ДПП Диме е основана 1986 година.

Основната дејност на компанијата е одгледување, складирање и преработка на жито, производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи.

Денес компанијата е една од водечките производители на леб, бели печива и слаткарски производи .Дистрибуцијата на производите се врши со возила од сопствен возен парк кои ги опслужуваат продажните места во Скопје и на територијата на цела Македонија .

Производствените капацитети опфаќаат околу 4000 m².

Во склоп на пекарницата работат погоните за производство на стандарен и специјален леб,погонот за производство на масно и посно печиво ,погон за слаткарски производи и адитиви за пекарство.

Мелницата е со капацитет од 40 тони/24 часа и во нејзиниот состав спаѓаат силосите за складирање жито со капацитет од 1600 тони.

Богатиот асортиман на производи на ДПП Диме направени од висококвалитетни природни суровини веќе три децении е составен дел од секојдневната трпеза на нашите задоволни и верни потрошувачи.

Со цел да одговориме на спечифицните барања на нашите потрошувачи Мелница Фурна Диме од јули 2009 година го воспостави и соодветно го одржува системот за управување ISO 9001:2008 сертификат за квалитет и безбедност со имплементиран HACCP.

Од декември 2017г Мелница Фурна Диме го воведе и соодветно го одржува стандардиот систем за управување со храна ISO 22000:2005

Нашето мото е “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА”

ДПП Диме е концесионер на 650 хектари обработлива површина во Светиниколскиот регион каде што располага со силоси за жито со капацитет од 5200 тони,и 900 хектари обработлива површина во Кумановскиот регион и силоси за жито со капацитет од 1500 тони.

Во компанијата денес работат над 200 вработени, меѓу кои има повеќе високостручни кадри како дипломирани инженери технолози, дипломирани економисти ,машински инженери, земјоделски инженери, итн.

Со компанијата управува сопственикот Илија Павличковски кој е и главен менаџер.

Основната стратешка определба на ДПП ДИМЕ ДОО е одржување на високиот квалитет на производите, како и интензивирање и проширување на пласманот на производите на Mакедонскиот пазар.